На манифестацијата организирана по повод доделувањето на наградата “Автомобил на годината во Македонија” одржана во четвртокот вечерта во петтата хала на Скопски саем беа претставени финалистите, кои влегоа во тесниот круг за освојување на признанието. Шесте автомобили беа избрани од листата од над 50 нови автомобили, кои во 2004 година се појавија на пазарот што ја формираа првичната листа. Според жирито тоа го заслужија “БМВ серија 1”, “Дачиа логан”, “Форд фокус”, “Митсубиши колт”, “Опел астра” и “Сеат алтеа”. При оценувањето, жирито предвид ги зеде шесте критериуми: безбедност и еколошка прифатливост, адекватност на пазарот, комфор и опременост, возни својства, економич ност и дизајн. Најмногу поени освои “СЕАТ Алтеа” со што овој темпераментен модел на шпанската марка ја понесе титулата за 2005 г. Признанието го прими претставникот на импортерот за “СЕАТ”, господинот Златко Калеников. Членовите на жирито се одлучија да доделат и специјално признание на “Дачиа логан”. Годинава се прославија десет години од востановувањето на изборот на “Автомобил на годината во Македонија”.