Полицијата затвори со кордон голема област во белгискиот главен град во близина на Британската амбасада откако пожарната служба во Брисел извести дека добила телефонски повик со информација дека ќе експлодира бомба, пренесува „Спутник“.

Најмалку 40 лица се евакуирани од зграда во близина на седиштето на Европската Унија. Според извештаите во медиумите, полицијата, пожарникарите и медицинските лица моментално се наоѓаат на местото на настанот.

Сепак, останува нејасно дали амбасадата е евакуирана по заканата од бомба, а персоналот во амбасадата, според пишувањата на Твитер, не смее да го коментира инцидентот.

извор: Makfax