Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен изјави дека политичарите го потцениле степенот на опасноста, која ја претставува епидемијата на новиот коронавирус.

„Мислам дека сите ние кои не сме експерти на почетокот го потценивме коронавирусот“ порача дер Лаен во интервју, кое денеска е објавено во германскиот дневник „Билд“.

Таа рекла дека функционерите сфатиле дека сега треба да ги преземат сите оние мерки кои пред две или три недели изгледале драстични.

„Европа во овој момент е епицентар на кризата“ додала претседателката на ЕК.

Таа вели дека кога зборува за вирусот не би го употребила терминот војна, но дека коронавирусот е загрижувачки противник.

Лидерите на ЕУ се договорија синоќа веднаш да го забранат влезот на речиси сите странци на најмалку 30 дена со цел сузбивање на ширењето на коронавирусот.

извор: Makfax