Од ДИК остро ги осудија вчерашните објави на активисти од една политичка партија кои на социјалните мрежи повикуваа да биде прешкртан зборот „Северна“ на гласачкото ливче.

Јасно се знае кое е важечко ливче со заокружен број пред носителот на листата, јасно изразена волја на гласачот, се друго се смета за неважечко гласачко ливче и ништо друго не може да доаѓа во предвид, кажа Оливер Дерковски.