Романа Паниќ, која беше пуштена од австралиски затвор на 1 август, каде што беше издржуваше казна за ограбување на банкомати, е депортирана од Бризбејн, дознаваат медиумите.

Таа беше осудена на три месеци затвор, а таа имаше право на предвремено ослободување, откако отслужи две третини од казната.

Бидејќи не сторила прекршоци и се однесувала соодветно во затвор, таа била пуштена на 1 август.

По ослободувањето од затвор, таа беше сместена во центар за мигранти, каде чекаше да биде депортирана во Белград, а нејзиното момче Филип Мркајиќ, со кого беше фатена во грабеж, сè уште е во затвор во Бризбејн.

Според австралискиот закон, Романа и Филип се должни да ги вратат сите украдени пари – 22 и пол илјади долари, или ќе треба да ја надоместат штетата преку работа. За среќа на Романа целата сума ќе ја плати Филип.