x

ДЕНОТ „Д“: Меси денеска ќе соопшти дали, сепак, останува во Барса уште една сезона

messi-kola

Лионел Меси денеска треба и конечно да го потврди своето решение за индината во Барселона. По сите шпекулации и вчерашната средба на неговиот татко со првиот човек на каталонскиот клуб, аргентинскиот новинар Мартин Аревало вели дека денеска ќе биде донесена дефинитивната одлука.

Во Аргентина, сепак, сметаат дека многу поголема е веројатноста Меси да остане на „Камп Ноу“. Според Аревало, шансите Меси да објави дека ќе остане во Барселона се 90%.

Првиот човек на Барса, Бартомеу, и на вчерашните средби со таткото на Меси бил категоричен дека тие сметаат на аргентинската ѕвезда како на клучна фигура за тимот и тој мора да го исполни договорот кој му истекува следното лето.

„Утре Лео ќе одлучи. Има ново сценарио и шанси најдобриот фудбалер на светот да продолжи во Барселона до јуни 2021 година и да го исполни неговиот договор до крај. Во моментов сите размислуваат. Челниците на Барса го замолија да остане. Лео решил дека ќе го каже својот став во четврток“, напиша Мартин Аревало на социјалните мрежи.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата