Од утре следува период на претежно сончево време со пораст на дневната температура. По викендот, од понеделник, повторно ќе биде нестабилно, најавуваат метеоролозите од Управата за хидрометеоролошки работи.

Инаку, времето денеска е сончево со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен северозападен ветер најизразен по должина на Повардарието и на повисоко. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степен.

Во Скопје времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со повремено засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 30 степени.

извор: Makfax