Портпаролот на Демократската партија на Србија (ДСС) Андреј Младеновиќ најави дека во наредните денови ќе биде одржана првата рунда на разговори меѓу ДСС и Демократската партија (ДС) за принципите на работата на идната влада.Тој нагласи дека состаноците меѓу ДСС и ДС ќе бидат одржувани на ниво на потпретседатели на партии.Потоа ќе се одржа состаноци со другите партии.