Поранешниот министер за надворешни работи, Денко Малески, кој со својата изјава дека Гоце Делчев е Бугар го собра гневот на македонскиот народ е еден од главните советници на претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Денко Малески во изјава за бугарска национална телевизија вели дека Крсте Петков Мисирков и Гоце Делчев се Бугари и дека ние мораме тоа да го прифатиме за да немаме вето од Бугарија во евроитеграцискиот процес.

– Мојата држава сега се наоѓа во една многу деликатна фаза сега со почетокот на преговорите со ЕУ и можноста Бугарија да го искористи своето право на вето, вели Малески.

Тој на новинарското прашање дали Крсте Петков Мисирков е Бугарин на новинарот му вели дека „идентитетот е… тој е Бугарин, очигледно“.

Додека на прашањето „ Гоце Делчев зошто е предмет на спорење кога тој се определувал како Бугарин“, вели дека тоа е точно тој се определил како Бугарин, тоа е така но не може да се оспори неговото бугарско национално чувство.

На прашањето каков компромис треба да се најде за да не става Бугарија вето на европската интеграција на Македонија, Малески вели дека македонската страна треба да се соочи со објективната вистина на начин на којшто објаснив сега, вели тој.

– Целата објективна историска вистина кажува дека да дека ние сме биле еден народ, вели тој.