Денеска е петок 13-ти – за некои само обичен ден како и сите други, а за други ден во кој стравуваат од лоша среќа. За многу луѓе ширум светот денешниот ден е несреќен и баксузен, па заради тоа ги одложуваат своите обврски, а некои дури го преспиваат денот. Етнолозите велат дека стравот од петок 13-ти е чисто суеверие, но многумина и понатаму се плашат.

Стравот од петок 13ти е толку голем што тој добил и свое име – параскевидекатриафобија, назив за чувството на непријатност кое е поврзано со овој ден.

Доколку сте суеверни тогаш сте запознаени со симболиката која со себе ја носи петок 13-ти. 

Историјата на петок 13-ти датира уште од одамна, од средниот век па дури и порано. Некој верува дека сè започнало на Исусовата вечера кога биле присутни 13 луѓе, а денот кога за последен пат се собрале бил петок.

Празноверијата во врска со бројот 13 се распространети насекаде, па така во некои хотели не постои соба со овој број, многу висококатници немаат тринаесетти кат, а некои авиокомпании немаат седиште со број 13.

Поради тоа што некогаш им се случиле некои непријатни настани, луѓето се суеверни и веруваат дека петок 13-ти е баксузен.