Министерството за здравство апелира до сите родители да ги вакцинираат децата со МРП вакцина. Оттаму потсетуваат дека на сила е наредбата дека децата кои не се вакцинирани нема да бидат примени во градинка, со цел, како што велат, спречување на ширењето на епидемијата прогласена во Скопје.

„Денеска до 12 часот се вакцинирани вкупно 267 деца од предучилишна возраст. Инаку, до овој момент е добиена лабораториска потврда за две лица, од шестте новозаболени, додека за две од нив резултатите се негативни, а кај еден случај на дете за кое се прават дополнителни лабораториски испитувања“ се наведува во соопштението.

Министерството за здравство, во соработка со Здравствен дом-Скопје воведува и втора смена во поликлиниките, каде се врши вакцинација, односно вакциналните пунтови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“ ќе работат до 19 часот.

извор: Makfax