Денеска пресудата за Невенка Туѓман
Вчера, пред Жупанискиот суд во Загреб заврши судењето на Невенка Туѓман, ќерката на покојниот хрватски претседател, која е обвинета дека на нејзиниот некогашен деловен партнер Игор Кнежевиќ во 1996 година му наместила зделка со Министерството за наука, а за возврат од него со години добивала провизија. Во завршната реч таа изјави дека обвинението против неа е политички монтирано. Пресудата ќе биде изречена денеска.