Денеска, првата проба на Мартин
Денеска е првата проба на Мартин на сцената на Евросонгот, која изгледа феноменално, велат членовите од делегацијата. Мартин е во одлична форма, ни јавуваат. Пробата ќе ја изврши со професионална кореографка од Киев. За режијата на евровизискиот настап на Мартин ќе се погрижи Стојан Стојановски. Синоќа, присуствуваа на забавата за “добредојдовте” на сите пејачи во дискотеката Арена. Најголем комплимент доаѓа од Австријците кои изјавиле дека се одушевени од македонската музика, генерално. (Ва.Ѓ.)