x

Денеска почнува новата европска сезона во ЛШ, стартува Нухиу со својата Дрита!

nuhiu1

Од денеска и официјално стартува новата 2020/2021 сезона во Лигата на Шампионите, интересно е тоа што претходната се уште не е завршена. Имено во ЛШ денеска се играат првите мечеви од прелиминарната квалификациска рунда, а стартува и Ардијан Нухиу со својата Дрита, како шампион на Косово. Нухиу во Нион ќе ги предводи своите момци против Интер Ескалдес од Андора. Мечот започнува во 18 часот.

Што се однесува до нашите екипи тие ја очекуваат ждрепката за првото калификациско коло. Утре во Нион нашиот претставник во ЛШ, тимот на Силекс ќе го добие својот ривал. Додека Шкендија, Ренова и Шкупи своите ривали ќе ги добијат во понеделник.

Уште еднаш да повториме, оваа сезона започнува а претходната се уште не е завршена, ова никогаш не се случило. Имено во моментов се уште се играат мечевите од 1/8 финалето во ЛШ, а веќе денеска за новата сезона се играат прелиминарните натпревари.

Се разбира дека за ова виновна е корона кризата.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата