Забраната за движење за граѓаните ќе почне денеска во 16 часот и ќе трае до понеделник до 5 часот наутро, со што низ целата територија ќе настапи карантин во времетраење од 61 час.

Согласно новите владини мерки против ширењето на коронавирусот, кои беа донесени оваа недела, за време на викендот целосно се забранува движењето за сите граѓани.

Дополнително со новите мерки, од понеделник до петок, за лицата над 67-годишна возраст се забранува движењето освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот. За младите лица до 18 години се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот. Во работните денови, од средата стапи на сила полицискиот час секој ден од 16 часот.

Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници. Аптеките работат непречено.

извор: Makfax