x

Денеска на пладне ждрепката за четвртфиналето и полуфиналето во ЛШ

Денеска во 12 часот во седиштето на УЕФА во швајцарскиот град Нион, ќе се изврши ждрепка за четвртфиналето и полуфиналето од Лигата на шамионите во фудбал, и тоа е настан кој со голем интерес се чека кај сите љубители на фудбалот.

Нема никакви ограничувања, секој може да се падне со секого, а финишот на сезоната ќе биде многу поинаков од претходните, нема да има два натпревари туку по еден дуел на неутрален терен и кој ќе победи оди понатаму.

Четири екипи веќе влегоа во четвртфиналето: Аталанта, Атлетико Мадрид, Лајпциг и ПСЖ. На 7 и 8 август ќе се знаат и другите четири учесници во четвртфиналето, откако ќе се одиграат мечевите Баерн – Челзи (првиот меч 3:0), Јувентус – Лион (0:1), Манчестер Сити – Реал Мадрид (2:1) и Барселона – Наполи (1:1). УЕФА потврди дека осминафиналните дуели ќе се играат на стадионите на клубовите домаќини на реваншите.

Завршицата ќе биде во вид на Ф8 турнир, а натпреварите ќе се играат на стадионите на Бенфика и Спортинг во Лисабон. Четвртфиналните мечеви се планирани од 12 до 15. август, полуфиналните мечеви на 18 и 19 август, а финалето на 23. август на стадионот „Луж“.

Еден час подоцна е ждрепката за Лига Европа. Таму завршниот турнир со осум тима ќе се игра во Германија, од 13 до 21 август. Финалето е во Гелзенкирхен.

Таму два меча Интер-Хетафе и Севиља – Рома не ни почнаа. Тие ќе играат по еден меч и тоа на теренот на домаќинот. Останатите одат на реванш според планот, па така ќе се пополнат местата за во четвртфиналето. Таму натпреварите од четвртфиналето ќе се одиграат на 10 и 11 август, полуфиналето на 16 и 17 август, а финалето на 21 август во Гелзенкирхен

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата