Конечен договор за формирање владина коалиција се очекува на денешната лидерска средба на претседателите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети.

Како што соопштија вчера од СДСМ, постигнат е сериозен напредок во преговорите за нова Влада.

За време на викендот продолжија интензивните работни средби меѓу претставниците на СДСМ и ДУИ, а неколку средби беа одржани и минатата недела.

„Тимовите на СДСМ и ДУИ интензивно работеа на создавање брз и темелен коалициски договор уште во првите денови од уставно определениот рок од 20 дена после добивањето на мандатот. Во разговорите кои се водат на ниво на генерални секретари постигнат е сериозен напредок по однос на речиси сите прашања кои водат до договор за Влада“, велат од СДСМ.

Оттука посочија дека на лидерската средба се очекува конечен договор за нова, стабилна и посветена Влада со мандат од четири години.

По договорот за нова влада се очекува претседателот на Собранието Талат Џафери да закаже продолжение на конститутивната седница и да биде избран претседател на законодавниот дом.

 

извор: Makfax