x

Денеска и утре и официјално УЕФА со одлуки за судбината на ЛШ, ЛЕ, ЛН, баражите, следната сезона…

Денеска и утре сите очи во фудбалска Европа ќе бидат вперени кон Нион, каде се очекува Извршниот комитет на УЕФА да ги донесе најзначајните одлуки во врска со Лигата на Шампионите за сезоната 2019/2020, Лигата на Европа, баражите во Лигата на Нации, европските квалификации за клубовите за ЛШ и ЛЕ за следната сезона, потоа стартот на Лигата на Нации, форматот на квалификациите за СП.

Познато е дека поради пандемијата на Ковид-19, европската клубска сезона не е завршена. Се очекува УЕФА да “дозволи“ да се доигра во Лисабон во август, нешто слично ќе биде и во Лигата на Европа. Она што нас најмногу не интересира, а тоа се баражите за пласман на ЕВРО 2020, или сега веќе 2021, најверојатно ќе се играат во октомври и ноември, а во септември ќе биде стартот на новата Лига на Нации. Секако дека за август ќе бидат закажани и квалификациите за пласман во ЛШ и ЛЕ, и тоа за нас е интересно.

Според најавите од Нион, денеска околу 15:30 часот, по завршување на првиот работен ден, се очекува прес – конференција на Александер Чеферин, првиот човек на УЕФА.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата