Демо снимката која трае помалку од две минути му е предадена на лондонскиот театар „Паладиум” во 1964 година.

На почетокот на август минатата година, 72-годишната Сила Блек почина од мозочен удар. Роднина на пејачката ја пронашол снимката и на почетокот бил убеден дека записот е на Блек. Тој ја однел на проценка во продавницата на Битлси во Ливерпул и при преслушувањето бил препознат гласот на младиот Макартни. На тој начин е пронајден записот, кој се сметал за загубен.