Демократските кандидати во Хонгконг го освоија мнозинството на изборите за окружниот совет на градот во кој веќе шест месеци има немири поради антивладините протести.

На изборите во неделата беше забележан рекорден одзив, при што демократските кандидати обезбедија скоро 90 проценти, односно 390 од 452 места.

Лидерката на Хонгконг, Кери Лам, рече дека владата ги почитува резултатите и сака да ја продолжи ситуацијата мирно, безбедно и во согласност со законот.

Како што наведе таа, резултатите го одразуваат незадоволство на луѓето од сегашната состојба и длабоките проблеми во општеството и владата ќе ја сфати сериозно ваквата порака од јавноста, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Некои победнички кандидати рекоа дека резултатот е на некој начин поддршка за демонстрантите и дека тоа може да биде сериозен удар за Кери Лам.

„Ова е моќта на демократијата. Ова е демократско цунами “, рече Томи Ченг, поранешен водач на студентските протести кој освои место во округот Џуен Лонг, близу кинеската граница.

Вчерашното гласање заврши без поголеми проблеми, иако се создадоа големи редици околу избирачките места.

Скоро три милиони луѓе излегоа да гласаат, што е рекорден одзив на повеќе од 71 процент од населението.

извор: Makfax