Демократските претставници на американскиот Конгрес во четвртокот ги повикаа републиканците да го прифатат поразот на актуелниот претседател Доналд Трамп и да се фокусираат на справување со растечката пандемија на коронавирус.

„Тие во моментов се вклучени во апсурден циркус и ја отфрлаат реалноста“, рече спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси на прес-конференција.

„Запрете го циркусот и започнете да го правите она што е навистина важно за американскиот народ, неговото здравје и економската безбедност“, рече таа.

Демократот Џо Бајден беше прогласен за победник на изборите, иако Трамп одбива да го признае тоа и тврди дека имало изборни измами.

извор: Makfax