Новост која доаѓа од медицински истражувања се однесува на нивото на магнезиумот во организмот.

Според новото истражување, високо или премалку ниско ниво на магнезиум во организмот зголемен е ризикот од деменција и Алцхајмерова болест за дури 30%. Истражувачите неодамна овој податок го изнеле во јавноста на база на мерење на нивото на магнезиум кај повеќе од 9500 мажи и жени.

Моментално мерење на ниво на магнезиум не е вообичаено кај пациентите или кај здравите лица во секојдневната медицинска пракса. Истражувањето покажало дека овие податоци можат да помогнат во намалување на случаи со деменација ширум светот.

Секако потребни се дополнителни истражувања бидејќи не е докажано дали причина за деменцијата е ниско или високо ниво на магнезиум, или тој само дополнително го зголемува ризикот од деменција. Исто така треба да се утврди дали магнезиумот од намирници, или во вид на таблети како додаток, во случаи кога лицето има ниско ниво на магнезиум – влијае на зголемување или намалување на ризик од деменција.

Истражувањата покажале дека со овие сознанија се отвараат уште многу прашања за различни ризици кои условуваат различни здравствени состојби.

Како прво, на што понатаму да се обрне внимание, дали ниското ниво на магнезиумот е поврзан со намалување на менталните фунции со тек на веме.