Менаџерот на актуелниот шампион на Шкотска, тимот на Селтик, Брендан Роџерс, откри дека во последен момент го стопирал трансферот на брзоногиот напаѓач, Муса Дембеле во редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи.

Лондонските “сини” беа подготвени да одвојат околу 40 мил. фунти за услугите на Дембеле, но поранешниот менаџер на Свонси и на Ливерпул не го потребното зелено светло за продажба на брзоногиот напаѓач.

Сепак, англиските медиуми се убедени дека Дембеле ќе се пресели на “Стемфорд Бриџ” и тоа на почетокот од летниот преоден рок.