„Почитувани,

Ве известувам дека мојата адреса на живеење не е на ул.Алберт Ајншајн во Скопје и дека информациите за моја наводна средба со лидерот на политичката партија СДСМ, истакнати во медиумите „Курир”, „Република”, „Вечер”, како и на порталите „markukule”, „puls24.mk”, „netpress.com.mk” се невистинити во целост.

Со оглед на тоа што објавената иформација е невистинита, а јас како засегната страна воопшто не бев прашана пред објавување на информацијата, барам овој демант да биде објавен од сите медиуми кои ја проследија ваквата неточна информација и барам јавно извинување од овие медиуми и портали, со оглед на фактот дека со објавувањето на вакви неточни информации се нанесува штета на мојот углед.

Воедно укажувам дека согласно законските прописи објавата на демантот е задолжителна.

Јавен обвинител
Ленче Ристоска “