Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун им порача на членовите на Советот за безбедност на ОН да го продолжат мандатот на главниот обвинител на Хашкиот трибунал Карла Дел Понте до крајот на годината. Во писмото е посочено дека Карла Дел Понте не сака да биде назначена за уште еден мандат како главен обвинител на трибуналот. Сепак, таа не е против продолжување на рокот до 31 декември 2007 година, додека не биде назначен нов обвинител.