x

Дел Лихт можно е да оди „под нож“

Матијас де Лихт од таборот на Ајакс се пресели во редовите на Јувентус за 85 милиони евра. По овој трансфер од младиот фудбалер се очекуваше да има значајна улога во составот на „Старата дама“, но се чини му е потребно време за да се прилагоди на новиот стил на игра.

И додека сите чекаат да блесне во вистинско светло, на повидок е голем проблем. Де Лихт има проблем со рамото, па според тамошните медиуми нема да биде чудо доколку замине на операција.

Доколку 20-годишниот фудбалер се одлучи да оди „под нож“, тој ќе го пропушти стартот на новата сезона. Проблемот со рамото се појави уште во ноември минатата година, по дуелот со Аталанта.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата