x

Дел Боске му врати на Алонсо: Лесно е да се критикува, ајде да смислиме како да помогнеме

Фудбалската легенда Висенте дел Боске нервозен од тоа што го слушна му врати на ѕвездата на Формула 1 Фернандо Алонсо. Шпанскиот возач ја критикуваше Владата во борбата во вирусот-убиец КОВИД-19 и кажа дека Шпанија доцни во однос на многу други држави и мерките се задоцнети. Дел Боске денеска му возврати со тоа што му кажа да покаже почит кон Владата и да не мрчи.

И покрај многуте негативни коментари, јас мислам дека Владата добро си ја работи работата. Тука би ги повикал оние, кои заработиле многу пари, да земат да смислат како да им помогнат на другите, а не само да критикуваат. Полесно е да се зборува отколку да се работи. Нештата се многу сложени одошто мислиме. Треба да и помагаме на Владата во справување со проблемот, а не да мрчиме и да критикуваме“, изјави некогашниот шпански селектор и екс-тренер на Реал Мадрид.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата