Делта го купи Пикадили
Бугарскиот трговски синџир “Пикадили” официјално стана дел од српската компанија “Делта”, објави вчера бугарскиот весник “Дневник”. Согласно со договорот српската компанија е сопственик на мнозинскиот дел од акциите на “Пикадили”, која е една од најголемите бугарски трговски компании. Претставниците на бугарската компанија соопштија дека тие ќе го задржат концептот и сопственоста на продавниците.