Јакнењето на хрватското стопанство се рефлектира и во очекувањата на стопанствениците, кои деловната клима во Хрватска сега ја оценуваат многу попозитивна од порано.

Тоа го покажува и истражувањето кое го спроведе Австриската канцеларија за надворешна трговија, а кое опфати 121 австриска фирма во Хрватска.

Истражувањето е спроведено во текот на октомври и ноември минатата година, значи во време на основањето на новата Влада во Загреб.