Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека во текот на утрешниот ден без електрична енергија ќе останат неколку општини во Скопје.

Како што се посочува во соопштението на ЕВН во периодот од 08:30 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците Митре Влаот и Буковиќ, во општина Аеродром.

Во периодот од 09:00 до 13:00 часот, дел од корисниците од улиците Франце Прешерн, Влае и Иван Цанкар во општина Карпош, како и дел од корисниците од улицата Рајко Жинзифов во општина Центар , исто така ќе останат без електрична енергија.

Струја, во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе немаат ниту дел од корисниците од улиците 4, 6 и 7 во село Батинци во општина Студеничани.

Во период од 13:30 до 15:30 часот струја ќе немаат и дел од корисниците од улицата Киро Фетак од бр.36 до бр.40б. бр.53, бр.71 и бр.73 во општина Кисела Вода.

извор: Makfax