Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека во текот на утрешниот ден без електрична енергија ќе останат неколку општини во Скопје.

Како што се посочува во соопштението на ЕВН, во периодот од 8:30 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците Митре Влаот и Буковиќ, во општина Аеродром.

Во периодот од 9:00 до 13:00 часот, дел од корисниците од улиците Франце Прешерн, Влае и Иван Цанкар во општина Карпош, како и дел од корисниците од улицата Рајко Жинзифов во општина Центар , исто така ќе останат без електрична енергија.

Струја, во периодот од 9:00 до 15:00 часот ќе немаат ниту дел од корисниците од улиците 4, 6 и 7 во село Батинци во општина Студеничани.

Во период од 13:30 до 15:30 часот струја ќе немаат и дел од корисниците од улицата Киро Фетак од бр.36 до бр.40б. бр.53, бр.71 и бр.73 во општина Кисела Вода.

извор: Makfax