Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известување добиено од ЕВН Македонија АД, соопшти дека денеска во периодот од 9 до 13:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од селата Мршевци, Бујковци, Грушино, Миладиновци, Текија и Дељадровци, како и објектот на Макпетрол-плинара и наплатната рампа на автопатот во општина Илинден.
Во периодот од 09:15 до 15:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. Брсјачка буна” во општина Шуто Оризари, а во периодот од 11:30 до 15:30 часот сервисите кои се наоѓаат на раскрсниците меѓу улиците Илинден” и Љубљанска” во општина Карпош.