Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево на 7 ноември уапсиле 18-годишник и 13-годишен малолетник, двајцата од Скопје, поради сомнение дека извршиле кривични дела кражба и обид за одземање на моторно возило, извршени на автоплац на булеварот „Трета македонска бригада“.

Како што информираат од МВР, пријавените од автоплацот одзеле клучеви за стартување на пет автомобили и се обиделе да украдат уште три возила.

Одземените предмети се пронајдени кај младите разбојници.

По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

извор: Makfax