Потребни состојки:

½ килограм печурки (вргањ, буковки или шампињони крупно сецкани  )
150 грама маргарин или путер (може и зејтин)
2 коцки говетска супа
2 деци црвено вино
1 павлака
бибер, малку лук и магдонос

Печурките се пржат во путер или маргарин, се додаваат коцките за супа и црвеното вино. Сето ова врие 7-8 минути. Пред крај се додава малку бибер, лук, една павлака и магдонос.
Може да се служи како прилог на пржени компирчиња, печење или едноставно како салата.