Делегацијата од Стразбур, пред гласањето на 15 октомври, ќе има средби со министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, со кандидатот за градоначалник на Скопје и претседател на ЗЕЛС Коце Трајановски, како и со претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски.

Членовите на делегацијата ќе имаат средби и со претставници на политички партии и кандидати на локалните избори, со претставници на дипломатскиот кор, на граѓанскиот сектор и медиумите.

Делегација од Стразбур на денот на изборите ќе распореди шест тимови за да ги набљудуваат процедурите за гласање и броењето на гласвите низ целата земја.

Заклучоци за текот на изборите членовите на делегацијата ќе презентираат на прес-конференција на 16 октомври, а по оваа мисија на евалуација на изборниот процес ќе се изготви детален извештај кој ќе биде на разгледување на 34. пленарна седница на Конгресот на локланите и регионалните власти на Советот на Европа закажана за во март 2018 година во Стразбур.