Скулптури и бакрописи од надреалистичкиот уметник Салвадор Дали се украдени од уметничка галерија во Стокхолм, Шведска, пренесува РТ.

Изложбените простории на уметничката галерија „Кулер“ во Остермалм биле ограбени во четвртокот вечерта откако неколку непознати сторители ги скршиле прозорците и ги однеле делата на Дали.

Сместена во елитната област на Стокхолм, галеријата имала околу 10 бакрописи и скулптури од шпанскиот уметник, позајмени од Швајцарија.

„Нивната вредност е од 200.000 до 500.000 шведски круни (21.000- 52.000 долари)“, изјави сопственикот на галеријата Педер Енстром, опишувајќи ја загубата како „ужасна“.

Полицијата ги проучила снимките за видео надзорот што ги наведува да веруваат дека разбојниците го однеле пленот со автомобил.

Делата на Дали често го привлекуваат вниманието на крадците на уметнички дела во светот. Минатиот октомври, еден човек украде бакропис од Дали вреден 20.000 долари од галерија во Сан Франциско за само 30 секунди. Грабежот извршен среде бел ден беше фатен на бројни камери за надзор, но сторителот успеал да избега.

извор: Makfax