Во уметничката галерија во Тетово љубителите на ликовната уметност имаат можност да ја проследат изложбата на авторката Душица Степаноска насловена “Дијалог со музиката”.

“Во целиот актуелен циклус на делата на Степаноска проткаен со топли и студени бои можат да се “слушнат”, да се препознаат варијациите на лирски обоеното струење на музикалната енергија”, се вели во најавата за изложбата.

Степаноска во 2014 дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на проф. Жанета Вангели со насока конзервација и реставрација.

Од 2014 таа е член на ДЛУМ, а досега има учествувано на повеќе групни изложби во Македонија, САД и Русија.