Најважната британска музичка вечер во годината се одржа вчера а дамите на црвениот тепих уште еднаш го покажаа својот сексипил. Домаќин на 33-те по ред BRIT Awards беше актерот Џејмс Горден, а победничка на вечерта, очекувано, беше пејачката Емили Санде која зад себе имаше и те како успешна година.

Добитници во главните категории се:

Најдобра британска група-Mumford and Sons

Најдобра британска пејаќка-Емили Санде

Најдобар британски пејач-Бен Хауард

Британски сингл-Skyfall, Адел

Британски меѓународен успех-One Direction

Меѓународен женски изведувач-Лана дел Реј

Меѓународен машки изведувач-Франк Ошен

Најдобар албум- Емили Санде, Our Version Of Events

На доделувањето на наградите настапија Роби Вилијамс, Емили Санде, Mumford and Son, Muse, One Direction…

На црвениот тепих и годинава зачекорија познатите британски ѕвезди, а црната боја како да е повторно омилена меѓу дамите. Џеси Џеј на наградите се појави во црна тоалета со длабоко деколте, потпишана од Версаче. Тејлор Свифт пак на црвениот тепих прошета дело на познатиот Ели Саб, додека пак победничката на вечерта Емили Санде која исто така носеше црна тоалета уште еднаш ја покажа тенката линија.