Џихадистите од милитантната исламистичка група Боко Харам им плаќаат по половина долар во локалната валута на девојчиња во Нигерија, за извршување напади како бомбаши-самоубијци, јави британската телевизија Скај.

Една таква 14-годишна терористика била заробена во североистичниот реон на Нигерија, пред да ја активира експлозивната направа, постевена на нејзиното малечко тело.

Инцидентот се случил во градот Маидугури, кога безбедосните сили запреле двајца малолетници – 14-годишното девојче и нејзиниот придружник – обајцата со „смртоносни елеци” под нивните традиционални муслимански облеки.

Придружникот бил убиен во пресметката со војската, но девојчето им открило детали за однесувањето на џихадистите од Боко Харам.

Таа и нејзниниот придружник требало да ги активираат бомбите на пазарот во овој нигерски град, каде редовно има многу цивили и каде и претходно имаше напади на бомбаши самоубијци.

Девојчето им признала на безбедносните власти дека три дена ги носеле бомбашките елеци, полни со експлозив на себе, пред да се охрабрат да го извршат нападот, што во последен момент бил спречен.

Претставник на нигериската војска изјави за телевизија Скај дека ангажирањето девојчиња за бомбаши самоубијци, претставува нова тактика на терористите од Боко Харам.

– Тоа сепак открива во колкава очајна ситуација се наоѓаат џихадистите, кога се одлучиле на ваков чекор, изјави истиот извор за телевизијата.

Советот за безбедност на ОН, го прогласи регионот на североисточна Нигерија за „глобална закана” откако насилството на исламистичката група се прошири и во Камерун, Чад и Нигер.

Според проценките на ОН, осумгодишните судири на властите со Боко Харам ја чинат Нигерија девет милијарди долари.