Утрово околу 03.30 часот, 26-годишна жена од Скопје пријавила дека пред угостителски објект во селото Марино била физички нападната од нејзиниот дотогашен партнер.

Според пријавата, 31-годишниот скопјанец ја нападнал бидејќи ја прекинала врската со него.

Уште еден случај со напад врз девојка, синоќа бил пријавен во Илинден. Во вториот случај жртва е 18-годишна девојка која пријавила дека во населбата пред пекара била физички нападната од С.М. со кого се познавала од претходно и имале недоразбирања во неколку наврати.

МВР соопшти дека работи на расчистување на двата случаи.

извор: Makfax