Инстаграм инфлуенсерката потршорила 120 000 долари за да се трансформира од глава до пети и да го покрие телото со тетоважи. Амбер Лук е од Бризбејн има скоро 600 тетоважи, вклучително и мастилото кое го вбризгала во очните јаболка, за време на 40-минутната процедура заради која била слепа три недели.

Има и расцеп на јазикот за да личи на змија, силикони во градите, филери во јаболчиците и усните, но и бразилско подигање на задникот.

Рекла дека дека сето ова го направила затоа што мислела дека изгледа „ужасно“ и дека нејзиниот претходен изглед бил премногу досаден. 

„Сакав да се сменам себеси. Толку се мразев што не можев ни да се погледнам во огледало. Не можев да се гледам во огледало. Животот ми беше грозен“, рекла и додала: „Сега сум поинаква личност. Ме осудуваат, но на крајот на денот јака личност сум која се поднесува стоечки.“

Сепак, рекла дека со екстремните промени завршила. 

„Немам веќе ништо во план. Повеќе нема да го раздвојувам јазикот, ниту да ги тетовирам очите. Не се грижам како ќе изгледам кога ќе остарам, сфаќам дека сите стареат, па никој нема да биде убав на 70“, додала Амбер.