x

Девона Бонер, конечно, во дресот на Македонија: Овие млади девојки сакаат да победуваат

devana-boner

По две години „чекање“,Американката Девона Бонер, конечно е во „црвено-жолтиот“ дрес на нашиот женски сениорски национален тим. Кошаркарката на Конектикат Сан ќе биде дел од нашиот национален тим за овој ноемвриски „прозорец“ на ФИБА, односно турнирот кој во текот на оваа седмица ќе се одржи во Рига.

Оваа 33-годишна кошаркарка ја има зад себе веројатно и една од најдобрите сезони во својата долга кариера во ВНБА лигата. Важи за трет стрелец во најквалитетната женска кошаркарска лига на светот. Сезоната ја заврши со просек од 19.7 поени по натпревар. Шести „крадец“ е во лигата, затоа што во просек освојува по 1.68 топки по меч, а во исто време и десетти скокач, ако се знае дека во просек има по 7.8 скока по натпревар.

По цели две години, конечно, Девана Бонер ќе дебитира во „црвено-жолтиот“ дрес на нашиот женски сениорски национален тим. Во изјава за официјалниот сајт на Федерацијата, Бонер вели дека е малку заморна, но се надева на добри настапи.

„Сигурно е дека ќе бидам малку заморена. Но имав неколку тренинзи со тимот, прво во Охрид, сега и тука во Рига, па се надевам дека тоа ќе помогне да бидам подготвена за натпреварите. Ова е првпат да се сретнам со тимот и со тренерите. Но сакам да истакнам дека сите се навистина пријатни и со нетрпение очекувам да дознаам уште повеќе за нив. Девојките се навистина млади! Тие работат навистина напорно и сакаат да бидат подобри и да победат… Среќна сум што сум со нив во тимот“, вели Американката со македонски пасош.

За двете престојни средби со Хрватска и Германија таа вели:

„Искрено, не знам многу за Хрватска или Германија. Но се надеваме дека можеме да се натпреваруваме со нив и да победиме“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата