x

Девет од првите десет спортистки со најголема заработувачка се тенисерки

naomi-osaka

Јапонката Наоми Осака е спортистката кој заработи најмногу пари минатата година, според студијата на американското списание „Форбс“. Интересно е што девет од десетте најдоброплатени спортистки се тенисерки.

22-годишната Осака заработи 37,4 милиони долари во периодот јуни 2019 година до јуни 2020 година, додека Серена Вилијамс го зазеде второто место со заработка од 36 милиони долари. Светскиот рекет број 1 Ешли Барти ги комплетира првите три, но со многу помали приходи – 13,1 милиони долари.

Симона Халеп, Бјанка Андреску, Гарбин Мугуруза, Елина Свитолина, Софија Кенин и Анжелик Кербер се од четвртото до деветтото место на ранг листата, по што следува името на американската фудбалска репрезентативка, Алекс Морган, која во овој период има заработка од 4,6 милиони долари.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата