Манифестацијата денеска ќе се одржи во манастирот „Св. Пантелејмон” на падините на Водно, а утре во дворот на библиотеката „Другарче” во Кинотеката на Македонија.

– Секоја година колонијата е интересно дружење меѓу учесниците од повеќе држави на Балканот, со цел да се продлабочи и да се воспостави трајно и долгорочно пријателство, кое на својствен начин преку уметноста го афирмира општината Карпош, соопшти организаторот.

Настанот денеска со поздраво обраќање ќе го отвори градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски, кој утре попладне ќе им додели дипломи и благодарници на учениците, менторите и на училиштата од збратимените општини.