Француските власти денеска објавија за уште една, деветта по ред жртва во протестите на „жолтите елеци“, додека мал број демонстранти продолжуваат да ги блокираат наплатните рампи и кружните текови низ целата земја.

Министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастaне, рече дека најновата жртва е демонстрант кој починал денеска во југозападниот град Ажен.

Повикувајќи на мир за време на божикните и новогодишните празници, Кастане рече: „Ова мора да престане. Загинати се девет лица“, објави агенцијата АП.

Пратеникот Оливије Дамасан на својот „Твитер“ профил напиша дека демонстрантот бил удрен од камион и дека тој всушност бил локален лидер на движењето „жолти елеци“.

Уште осум лица загинаа за време на протестите на „жолтите елеци“, главно во сообраќајни незгоди.

извор: Makfax