Девет лица го загубија животот, a седуммина се повредени во судир меѓу автобус и комбе во Полска, јави АП.

Несреќата се случила во близина на градот Гливице, во југозападниот полски регион Шлеска.Во судирот учествувал автобус со 49 патници и патничко комбе „Рено Трафик“ во кое се превезувале девет лица, соопштија официјални лица.

Портпаролот на полицијата, Марек Сомоски, рече дека прелиминарните сознанија укажуваат дека возачот на комбето изгубил контрола врз возилото, се превртел и удрило во автобусот.

Дамјан Дудек, портпарол на пожарникарите во Гливице, за новинската агенција ПАП изјави дека во автобусот патувале 49 лица, вклучувајќи го и возачот. Седуммина од нив се однесени во болници, а возачот е најсериозно повреден.

извор: Makfax