Со торба полна со пари, момчето шеташе низ своето соседство во германскиот Бад Вилбел и ги делеше парите што ги зел од неговите родители, објави „Феникс“.

Тој ѕвонел на вратата на своите соседи и им нудел банкноти од по 50 евра, тврдејќи дека ги нашол парите. Некои соседи ги земале парите, а некои дури и го фалеле што им ги враќа сè додека не наишол на соседот кој бил сомничав и ја известил полицијата.

Полицијата го најде момчето со пари и го врати на родителите. Установено е дека зел 2.500 евра заштеда од неговите родители, од кои поделил 260 евра.

Како реагираа родителите и зошто момчето го стори тоа, полицијата не прецизираше.

извор: Makfax