Најквалитетното клупско натпреварување во Европа, фудбалската Лига на шампиони стартува денеска со натпреварите од првото коло од групите А, Б, Ц и Д. Актуелниот шампион, Барселона, одбраната на титулата ќе ја започне на “Ноу Кампè против шампионот на Бугарија, Левски од Софија. Тренерот на бугарскиот тим, Станимир Стоилов пред натпреварот изјави дека неговиот тим ќе даде се од себе дебито во Лигата на шампиони да остане долго во сеќавањата на нивните навивачи.
“Сите знаеме дека Барса е апсолутен фаворит. Сепак ние ќе дадеме се од себе и ќе се бориме до последната минута. Навивачите долго ќе го паметат нашето деби во ЛШè, изјави Стоилов. Тренерот на Барселона, Франк Рајкард најави дека неговиот тим вечерва ќе биде предводен од атомското трио Роналдињо, Деко и Ето.
“Во првите 11 сигурно се Роналдињо, Ето и Деко. Од останатите првотимци неизвесен е настапот на Маркез, Пујол и Валдез. Тројцата се жалат на мали повреди. Што се однесува до натпреварот очекувам победа. Ние сме шампиони и мораме на секој натпревар да одиме на три бодаè, изјави Рајкард.
Актуелниот шампион на Англија, Челзи, првиот натпревар од А-групата ќе го одигра против германскиот претставник Вердер Бремен. За “синитеè од првата минута се очекува да настапат најновите аквизиции на Абрамович, Михаел Балак и Андреј Шевченко.
Од останатите групи најинтересно се очекува да биде во групата Б каде силите ќе ги одмерат португалскиот претставник Спортинг Лисабон и шампионот на Италија, Интер. Миланскиот клуб важи за голем фаворит за освојување на титулата, бидејќи е засилен со Ибрахимовиќ, Креспо и Виера. Со посебно внимание ќе се следи и натпреварот од Ц-групата помеѓу холандскиот ПСВ и англискиот премиерлигаш, Ливерпул.
Лесна победа пред домашните навивачи се очекува да извојува шапионот на Германија, Баерн од Минхен. На “Алианц Аренатаè, “баварцитеè, предводени од Лукас Подолски ќе се обидат да го совладат најсилниот состав на Спартак од Москва.
ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА
А-група: Барселона – Левски (С), Челзи – Вердер Бремен, Б-група: Баерн Минхен – Спартак Москва, Спортинг Лисабон – Интер, Ц-група: Галатасарај – Бордо, ПСВ – Ливерпул, Д-група: Олимпијакос – Валенсија, Рома – Шахтјор Донецк.