Во сообраќајна несреќа што вчераутро се случила во албанскиот град Драч, животот го загуби дебранката Дашурије Османи.
Четириесет и тригодишната Османи и нејзиниот сопруг Бујар Османи биле на неколкудневен одмор. Утрово таа била удрена од автомобил марка фолксваген” во моментот кога преминувала улица во комплексот Аполонија”.
Полицијата го привела возачот Олтин Тана (31) од јужниот град Тепелена.
Според првичните наоди од увидот причина за несреќата е големата брзина со која Тана го управувал возилото.
Дашурие Османи по потекло е од албанското погранично село Алајбеги, во околината на Пешкопеја, во близина на албанско-македонската граница кај Дебар. Мајка е на две ќерки.