x

„ДЕБАКЛ“: Французинките броеја до 11 против Македонија!

makedonija-francija-zeni

Одамна женската фудбалска репрезентација на Македонија не е на ниво кое сиге го посакуваме и очекуваме. Франција, светската велесила ја совлада нашата репрезентација со убедливи 11:0, полувреме 5:0.

Ова е убедлив пораз на нашата селекција која на коло до крајот има само три бода и 39 примени гола. Од овој дуел и не можеше да се очекува ништо друго освен пораз, но толку убедлив…

Говин во 1. минута го отвори резултатот, а во 5. Ле Сомер зголеми на 2:0. Ле Сoмер стрелаше и во 21. минута, а Де Алмеида зголеми на 4:0 во 39. До крајот на полувремето погоди и Диани.

Асеји на стартот од вториот дел го најави дебаклот, а Гејоро во 60. минута за седми гол на Франција. Три минути подоцна Гејоро зголеми, а на крајот Ле Сомер постигна два гола и еден Каскарино за убедлив триумф на францускиот национален тим.

ФРАНЦИЈА – МАКЕДОНИЈА   11:0 (5:0)

Стрелци: Говин 1’, Ле Сомер 5’, 21’, 74’, 78’, Де Алмеида 39’, Диани 45’, сехи 55’, Гејоро 60’, 63’, Каскарино 76’

Ж. Картони: Максути, Ангеловска (М).

ФРАНЦИЈА: Мањин, Качаруи, Де Алмеида, Каскарино, Тункара, Гејоро, Билбо (Дали), Асеји (Катото), Ле Сомер, Говин (Жан Франсо), Диани (Д. Каскарино).

МАКЕДОНИЈА: Панчурова, Живиќ (Положани), Коларовска, Ангеловска, Бошеска (Јошевска), Милеска, Шемшовиќ, Нацева, Ристовска, Максути (Мустафа), Трајковска.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата